2. Обработка на лични податоци при користење на нашата веб-страница
При користењето на нашата веб-страна, вашите посети се логираат во нашиот систем. Во логовите може да ги сочуваме моменталната IP адресата на вашиот уред, датумот и времето на пристап, типот на прелистувач, оперативниот систем на вашиот уред и страниците до кои се пристапува. Ние ги собираме овие податоци со цел да ја оптимизираме и подобриме нашата веб-страна и нашите онлајн услуги. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на легитимен интерес, односно нашиот легитимен интерес да ја заштитиме веб-страната и да го подобриме квалитетот на нашите услуги.
Дополнително, при одредени онлајн активности како што се регистрации, анкети, апликации, онлајн нарачки итн, ги чуваме вашите лични податоци кои сте го оставиле во процесот на овие активности. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на извршување на договор. Со цел соодветна заштита на овие податоци превземени се низа на мерки меѓу кои: енкрипции, безбедносни лозинки, контрола на пристап, поделба на должностите итн.
а)Регистрација на корисник/корисничка сметка
Доколку сакате да ги користите услугите за претплата можете да креирате корисничка сметка преку следната страница
www.sfid.mk/ponuda-za-pretplata-za-2022-godina/. Личните податоци кои ги оставате во формуларот за регистрација ќе бидат обработени за креирање и одржување на вашата корисничка сметка и за целите на услугата за која сте ја креирале корисничката сметка. Овие податоци ќе се чуваат се додека не ја избришете сметката. Доколку ја избришете вашата сметка, вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен во случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци.
б) Формулар за контакт
Доколку сакате да нé контактирате тоа можете да го направите преку формуларот за контакт
www.sfid.mk/kontakt. Личните податоци кои ги оставате преку формуларот за контакт ќе бидат обработени само за да одговориме на вашето барање. Пополнувањето и доставувањето на формуларот за контакт претставува афирмативно дејство со кое ни давате согласност за обработка на податоците од контакт формата.