Понуда за претплата за 2022 година за 8.610 ден. со ДДВ

ПОЧИТУВАНИ,

Во услови на пандемија и мерки за справување со covid 19, сите се соочуваат со предизвици во своето работење, кое уште повеќе се усложнува во услови на ограничувања кои се составен дел на мерките кои ги носат властите.

Сметководствената професија во вакви услови е соочена со специфични проблеми кои се предизвикани од прописи кои се носат со цел за надминување на кризата а кои имаат влијание на работата на сметководителите.

Од овие причини ни претстои уште една година полна со измени во законската регулатива, со што се наметнува уште поголема потреба од континуирана професионална едукација на сите овластени сметководители и сметководители, како најдобар начин на постојано стручно усовршување, а се со цел за надградба на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствената професија.

Како одговор на овие предизвици убедени сме дека стручната едукација на Вашите вработени е единствениот начин за успех во новите услови на работење. Како резултат на нашето 24-годишно искуство во професионалната сметководствена едукација, Вашата долгогодишна подршка и желбата да допринесеме во намалувањето на Вашите трошоци за стручна едукација на вработените, во подигнувањето на степенот на знаење придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.

Во услови кога нема КПУ ќе бидат организирани он лине советувања (webinar) се додека не се создадат услови за поинаков вид на деловно советување и професионално усовршување кои ќе бидат прилагодени на актуелните состојби и потребите кои се наметнуваат пред Вас.

Со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, Ви ја презентираме следната:


Понуда за претплата за 2022 година за 8.610,00 ден. со ДДВ