Што е СФИД?

“СФИД” е најголемо консалтинг друштво во РМ, кое е формирано во 1997 година, со седиште во Скопје и подружница во Битола, чија дејност е даночен и сметководствен консалтинг
Друштвото од самиот почеток издава месечно списание „Сметководство Финансии Даноци“ во кое се обработуваат теми од следните области:
  • сметководство;
  • даноци;
  • финансиско работење;
  • девизно работење;
  • трговско право;
  • пример од практиката;
  • сметководствен поимник;
  • прашања и одговори;
  • податоци (плати, курсни листи, камати, показатели).

Списанието е конципирано на тој начин што темите кои ги обработува од практичен и теоретски аспект, со поголем акцент на практичниот, имаат за цел да им овозможат на читателите полесно справување со одредени ситуации кои се јавуваат во нивното работење. ​

СФИД ДОО е акредитирано друштво за континуирано професионално усовршување (КПУ) согласно Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РМ” бр. 95/12...190/16).
СФИД ДОО е акредитирано друштво за КПУ
ИСОС преку ICC Macedonia, донесе напатствие за спроведување на КПУ.

Консултации


Покрај списанието на претплатниците на списанието им се овозможени телефонски консултации. Корисниците на услугите на СФИД можат да ги извршат консултациите и во просториите на СФИД. Откако претходно ќе се договорат, консултантите на СФИД ги посетуваат клиентите и во нивните простории, а доколку има потреба и со практична работа ги решаваат проблемите. За сите информации контактирајте не секој работен ден од 08 – 16 часот на телефоните:

СФИД покрај даночниот и сметководствен консалтинг се занимава и со

застапување во управни спорови;
непосреден даночен и сметководствен консалтинг; 
изработка на инвестициони програма;
имплементација на МСС и МСФИ во друштвата; 
финансиска анализа;
регистрација на друштва и други правни лица;
устројување на сметководствена евиденција со практично поставување на организацијата на сметководствениот сектор;
устројување на даночна евиденција;
Почнувајќи од 01.10.2017 година СФИД доо ќе организира континуирани обуки -КПУ, согласно Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РМ” бр. 95/12...190/16) во Скопје и други градови во Република Македонија.