Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки

Во Службен весник на РСМ бр.196 од 23.09.2024 година објавена е Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврската на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.
 
Со оваа Одлука се определени 73 производи (стоки) на кои се определува највисоката бруто профитна маржа и тоа:
  • до 10% во трговијата на големо
  • до 10% во трговијата на мало.
 
Во трговија на мало стоките oд од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавен на веб - страницата на Министерството за економија и труд.
Трговците за вршење дејност трговија на мало и големо имаат обврска да набавуваат односно продаваат најмалку 70% од количината набавени- продадени во август 2024 година.
Во продолжение е Одлуката и упатството за пресметување на профитната маржа:
Врз основа на член 30 став (1) алинеи 1 и 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 20 септември 2024 година, донесе
 
О Д Л У К А
ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
 
Член 1
Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со зажкон, да ги прибавуваат и продаваат следните стоки:
1) ориз бел, во пакување од 900g до 1kg;
2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1kg до 2kg;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
5) бисквити, „Petit Beurre" и бисквити обични од 300g до 500 g;
6) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500g (без додатоци);
7) масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 l;
8) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
9) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
10) пиле (свежо и замрзнато) цело;
11) пилешки стек (свеж и замрзнат);
12) салама, шункова во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
13) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
14) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
15) пилешка посебна саламa во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
16) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95g и 100g (без додатоци);
17) замрзната риба Ослиќ;
18) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
19) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l;
20) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 400g до 500g;
21) павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180g до 400g;
22) урда;
23) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
24) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
25) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
26) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
27) свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
28) масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250g;
29) маргарин (обичен), во пакување од 250g;
30) јаболка;
31) праски;
32) грозје трпезно;
33) лимони;
34) портокали;
35) банани;
36) исчистени ореви;
37) грав;
38) кромид;
39) компири;
40) моркови;
41) спанаќ;
42) зелка;
43) краставици;
44) корнишони;
45) лук;
46) тиквици;
47) боранија;
48) домати;
49) пиперки;
50) карфиол;
51) тикви;
52) модар патлиџан;
53) леќа;
54) магдонос;
55) брокула;
56) праз;
57) зеленчук замрзнат (мешавина), во фолија од 450g;
58) зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450g;
59) зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450g;
60) боранија замрзната, во фолија од 450g;
61) маслинки, црни;
62) грашок, конзервиран, во пакување од 400g;
63) ајвар од печени пиперки, тегла до 660g;
64) краставички, конзервирани, тегла до 720g;
65) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720g;
66) шеќер кристал бел;
67) џем и мармалад;
68) чоколадо млечно обично, во пакување од 100g;
69) кечап;
70) мајонез, во тегла од 660g;
71) зачин (вегета, зачинал и сл.);
72) кафе, пржено, мелено, во пакување од 200g и
73) сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 l.
 
Член 2
Највисоката бруто профитна маржа за стоките од членот 1 од оваа одлука за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10% во трговијата на големо и во вкупен износ до 10% во трговијата на мало.
Член 3
Трговците за вршење дејност трговија на мало стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавен на веб - страницата на Министерството за економија и труд.
 
Член 4
Трговците за вршење дејност трговија на мало имаат обврска стоките од членот 1 од оваа одлука, да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во август 2024 година.
Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска стоките од членот 1 од оваа одлука, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во август 2024 година.
 
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври 2024 година.
 
Бр. 41-8686/3                                                                         Заменик на претседателот
20 септември 2024 година                                                   на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
   Љупчо Димовски, с.р.
 
 
УПАТСТВО
За примена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки
(Училишен прибор)
 
Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 септември 2024 година донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки(Службен весник на РСМ бр.183 од 03.09.2024 година),со која се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор.
Највисоката трговска (профитна) маржа за стоките наведени во Одлуката за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврди во вкупен износ до 5%,а во трговијата на мало се утврди во вкупен износ до 10%. При утврдувањето на цените,на трговците покрај наведените маржи, им се признаваат и оперативните трошоци за работењето, кои јасно треба да бидат искажани при формирањето на продажната цена на стоките.
Ова значи дека оперативните трошоци за работењето треба да се искажат во процентуален износ спорен Билансот на успех од претходната деловна година, истите подеднакво да се распределат на сите стоки наведени во Одлуката и пресметката за формирање на продажната цена да биде составен дел на Приемниот лист во трговијата (ПЛТ).
Еве неколку примери за формирање на цената:
 
Пример 1-сооднос на трошоци 2:1
Набавна вредност на стоката=100 денари
Оперативни трошоци=50 денари
Вкупно трошоци=150 денари
Профитна маржа 10% на вкупниот трошок=15 денари
Продажна цена=165 денари
Во овој пример,бруто профитната маржа (БПМ) ќе изнесува 40%, а оперативната профитна маржа(ОПМ) ќе изнесува 10%.
 
Пресметка:
Приходи од продажба 165  
Трошоци на продадени производи 100  
Бруто добивка 65 БПМ=40%
Оперативни трошоци 50  
Оперативна добивка 15 ОПМ=10%
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Пример 2-сооднос на трошоци 3:1
 
Набавна вредност на стоката=100 денари
Оперативни трошоци=33,3  денари
Вкупно трошоци=134 денари
Профитна маржа 10% на вкупниот трошок=14 денари
Продажна цена=147 денари
Во овој пример,бруто профитната маржа (БПМ) ќе изнесува 31%,а оперативната профитна маржа(ОПМ) ќе изнесува 9,5%.
 
 
Приходи од продажба 147  
Трошоци на продадени производи 100  
Бруто добивка 47 БПМ=31%
Оперативни трошоци 33  
Оперативна добивка 14 ОПМ=9,5%
 
Пример 3-сооднос на трошоци 4:1
Набавна вредност на стоката=100 денари
Оперативни трошоци=25  денари
Вкупно трошоци=125 денари
Профитна маржа 10% на вкупниот трошок=12,5  денари
Продажна цена=137,5 денари
Во овој пример,бруто профитната маржа(БПМ) ќе изнесува 27%,а оперативната профитна маржа(ОПМ) ќе изнесува 9,4%.
 
Приходи од продажба 138  
Трошоци на продадени производи 100  
Бруто добивка 38 БПМ=27%
Оперативни трошоци 25  
Оперативна добивка 13 ОПМ=9,4%
 
Пример 4-сооднос на трошоци 5:1
Набавна вредност на стоката=100 денари
Оперативни трошоци=20  денари
Вкупно трошоци=120 денари
Профитна маржа 10% на вкупниот трошок=12  денари
Продажна цена=132 денари
Во овој пример,бруто профитната маржа(БПМ) ќе изнесува 24%,а оперативната профитна маржа(ОПМ) ќе изнесува 9%.
 
Приходи од продажба 132  
Трошоци на продадени производи 100  
Бруто добивка 32 БПМ=24%
Оперативни трошоци 20  
Оперативна добивка 12 ОПМ=9%
Пример 5-сооднос на трошоци 1,5:1
Набавна вредност на стоката=100 денари
Оперативни трошоци=67  денари
Вкупно трошоци=167 денари
Профитна маржа 10% на вкупниот трошок=16,7  денари
Продажна цена=184 денари
Во овој пример,бруто профитната маржа(БПМ) ќе изнесува 45%,а оперативната профитна маржа(ОПМ) ќе изнесува 9,2%.
Приходи од продажба 184  
Трошоци на продадени производи 100  
Бруто добивка 84 БПМ=45%
Оперативни трошоци 67  
Оперативна добивка 17 ОПМ=9,2%
 
Откако ќе се утвди продажната цена на ваков начин, во приемниот лист во трговијата(ПЛТ) ќе се искаже набавната вредност на стоките и продажната вредност на стоките.Пресметката за утврдување на продажната цена треба да биде сџоставен дел од ПЛТ.
Во наведените примери се користи профитна маржа од 10% која се однесува за трговците на мало.
Истата пресметка може да ја користат и трговците на големо.со тоа што профитната маржа треба да изнесува 5%.