Актуелно

СОВЕТУВАЊЕ/ОБУКА ВО ВИНИЦА на 28.05 и 29.05.2024година

СФИД ДОО Скопје друштво со одобрение за спроведување на КПУ под надзор на ИСОС на
28-29.05.2024 година, спроведува КПУ (8 часа) согласно програмата за Континуирано професионало усовршување за 2024 година со следните теми:
 
Р.бр тема КПУ часови
1 Сметководство – МСС/– МСФИ:
  • Пресметка на производство – практичен пример
  • Државни подршки (МСС 20 и оддел 24 од МСС за МСЕ)
  • Интерни контроли и управување со ризик
  • Програми за лојалност – практичен пример
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
4
2 Даноци и даночен систем:
  • Даночен застапник на странско лице за цели на ДДВ
  • Место на прометот на услугите (член 14 од ЗДДВ)
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
2
3 Организациски и деловни знаења:
  • Проектен менаџмент во сметководствената функција
  • Дивиденда и исплата на дивиденда
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
2
 
 
Обуката ќе се спроведе на ден 28 и 29 Мај 2024 во хотел Центро Бизнис 92 Виница
 
Регистрација на учесниците на 28 Мај 2024 од 9 до 10 часот.
Едукатори: Златко Митревски, Славчо Николовски .
Времетраење на обуката: од 10 до 13 часот двата дена (вторник и среда)
 
Ве молиме пополнетата пријава за учество во excel формат доставете ја електронски на нашиот      e-mail: kontakt@sfid.mk или sfidkontakt@gmail.com, како би можеле навремено да Ви изготвиме профактури за хотелско сместување и учество на КПУ.
 
Надоместокот за КПУ бр.2/2024 обезбедува (присуство и работен материјал со прирачник) за еден учесник и изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%), а се уплаќа најдоцна еден (1) ден пред почетокот на обуката за КПУ.
Фактурата за хотелското сместување за ноќевања на 27 и 28 мај-два полупансиони (доручек и вечера) и користење на СПА центарот и базените со топла минерална вода,изнесува:
  • 5.800 ден.по лице за сместување во двокреветна соба и
  • 7.200 ден.по лице за сместување во еднокреветна соба.
 
Назив на примачот : СФИД доо Скопје
Жиро сметка на примачот: 300000000125554 – Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: Уплата за КПУ-2/2024 за (име на учесникот на КПУ)
Повикување на број: (број од издаденото уверение за ОС/С од ИСОС)
 
За дополнителни информации во врска со обуката обратете се во СФИД  доо Скопје на тел. 02/3237-066, 3216-247 или 070/221-037,070/250-636.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШИОТ ИЗБОР