ПОТСЕТУВАЊЕ

1.
До 15 јануари 2024 година треба да се уплати надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во 2023 година од работа во недела и празници. За продавниците  на бензиските станици, за остварен приход се смета вкупниот приход остварен од трговија на мало, без приходот од продажба на моторни горива (нафтени деривати).
Обврска да пресметаат и платат надоместок од 2% за работа во недела и празник (празници кои се неработни денови за сите граѓани на РСМ) имаат:
Продавниците на бензиски станици и
продавниците, киосците и штандови во трговски центри (молови).
 
2.
Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам  (Службен весник на РСМ 151/22), од 1 јануари 2024 година, плаќање во готово на стоки и услуги од членот 58 од овој закон, се ограничува на износ до 2.000 евра во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено безготовински односно од сметка на сметка.
 
3.
Законска казнена камата
Согласно член 266-аод Законот за облигациони односи (Службен весник на Република  Македонија бр. 18/01...220/23), законската казнена камата се утврдува кога референтната стапка што ја објавува Народна банка на РСМ на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, ќе се зголеми за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (за граѓани).


Согласно објавата од НБРСМ од 28.12.2023 година, референтната стапка за период 01.01 - 30.06.2024 год. изнесува 6,30%, односно казнената камата изнесува 16,30% односно 14,30%.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 


ДАНОЧЕН ЗАСТАПНИК ЗА ДДВ ОД 01.01.2024 Г.
Новиот  Правилник за начинот на пријавување и регистрација на странско лице, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација  (во натамошниот текст:Правилникот) се објави во Службен весник на РСМ бр.286/2023. Правилникот влезе во сила од 30 декември 2023 година, и се применува од 1 јануари 2024 година.
1.Пријава на даночен застапник
Согласно член 9-б од Законот за ДДВ (Службен весник на РМ бр.44/99..199/23) и согласно Правилникот , пријавувањето и регистрацијата на странското лице кое нема седиште, ниту подружница на територијата на РСМ, а кое врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со ДДВ согласно Законот за ДДВ, се врши со поднесување на пријава за регистрација за целите на ДДВ на странско лице преку даночен застапник-образец ДДВ-01/СЛ-ДЗ до надлежниот даночен орган. Кон пријавата се доставува:
  1. договор за назначување на даночен застапник заверен на нотар;
  2. доказ за резидентство на странското лице во земјата во која има вистинско седиште или подружница, од каде услугата вистински се извршува;
  3. доказ за седиште, односно живеалиште на лицето назначено како даночен застапник на територија на РСМ и
  4. доказ дека за лицето назначено како даночен застапник не е започната стечајна или ликвидациона постапка-за правно лице или доказ дека лицето назначено за даночен застапник не е правосилно осудено за кривично дело-за физичко лице.
Од страна на УЈП по службена должност се прибавува следната документација:
  1. доказ дека лицето кое е назначено како даночен застапник на денот на поднесување на пријавата нема доспеани, а неплатени даночни обврски и
  2. доказ дека лицето кое е назначено како даночен застапник е регистрирано за целите на ДДВ најмалку 12 месеци пред денот на поднесување на пријавата.
За регистрација на странското лице за целите на ДДВ и назначување на даночен застапник,
од страна на надлежниот даночен орган се донесува решение.
2.Пријава на престанок и промена на даночен застапник
Во случај на престанок на даночното застапување, странското лице треба да пријави промена на даночен застапник. Пријавувањето на промената се врши со поднесување на нова пријава за регистрација за целите на ДДВ.
Во случај на престанок на вршење на промет на добра и услуги, странското лице треба да пријави отповикување на регистрација во пријавата за регистрација за целите на ДДВ. За промена на даночниот застапник, односно за отповикување на регистрацијата, од страна на надлежниот даночен орган се донесува решение.
3.Регистар на даночни застапници
Регистарот на даночни застапници се води во електронска форма и се објавува на веб страницата на УЈП.

 
Законска казнена камата
Согласно член 266-аод Законот за облигациони односи (Службен весник на Република  Македонија бр. 18/01...220/23), законската казнена камата се утврдува кога референтната стапка што ја објавува Народна банка на РСМ на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, ќе се зголеми за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (за граѓани).


Согласно објавата од НБРСМ од 28.12.2023 година, референтната стапка за период 01.01 - 30.06.2024 год. изнесува 6,30%, односно казнената камата изнесува 16,30% односно 14,30%.