ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 120 седница на Собранието на РСМ одржана на 19.09.2023 година донесени се:
  • Закон за данок на солидарност
  • Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на добивка и
  • Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност
Со оглед дека законите за изменување и дополнување не се објавени во Службен весник, а со цел да се избегнат недоразбирања Ве известуваме дека веднаш по објавувањето во Службен весник ќе објавиме текстови поврзани со овие измени и ќе ја доставиме алатка за пресметување на данокот на солидарност.