Измени во законот за облигациони односи

Во службен весник бр.154 од 20.07.2023 година објавен е закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи членот 368 став (1) се врши измена на членот 368 став (1)  со тоа што ќе биде рокот за застареност се скратува на 5 години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата).
 
Член 2
Членот 368 се менува и гласи:
„(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност, како и побарувањата за кои во согласност со законот се предвидува пократок рок за застареност.
(2) Сите повремени побарувања, коишто произлегуваат од одлуки или порамнувања предвидени во ставот (1) на овој член и достасуваат во иднина, застаруваат во рокот предвиден за застареност на повремените побарувања.
(3) Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет години од моментот на поднесеното барање за извршување.“.