Понуда за претплата за 2023 година


Почитувани,

Во услови на економска, здравствена и енергетска криза, соочени сме со нови предизвици во своето работење. 
Пред нас е уште една година полна со неизвесност но и професионални предизвици кои новата реалност ги наметнува. Од овие причини сметководствената професија има уште поголема потреба од навремени и точни информации за измените во законската и професионалната регулатива но и континуирана професионална едукација, како најдобар начин на постојано стручно усовршување, а се со цел за надградба на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствената професија. Најдобриот начин за успешно справување со овие предизвици е  стручната едукација на Вашите вработени како преку стручна литература така и преку советувања (обуки).
Нашето 25-годишно искуство во едукација од областа на сметководството и даноците преку издавање на стручно списание, одржување на семинари и континуирано професионално усовршување како и даночен и сметководствен консалтинг, Вашата долгогодишна подршка и нашата определба да допринесеме во намалувањето на трошоците за стручна едукација, во подигнувањето на степенот на знаење а придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.
Во 2023 година, СФИД ќе се организира он лине советувања (webinar), исто така ќе организираме советувања за професионално усовршување со непосредно присуство, на теми кои ќе бидат прилагодени на актуелните состојби и потребите кои се наметнуваат пред Вас. Исто така ќе бидат организирани и он лине работни средби на кои ќе биде одговарано на Ваши прашања.
Со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, а најмногу од се да ја покажеме нашата определба да ја споделуваме судбината со Вас одлучивме и во услови на постојан раст на цените да не ја менуваме цената на услугите содржани во оваа понуда.
 
Понуда за претплата за 2023 година за 8.820,00 ден. со ДДВ
12 броја месечно списание “Сметководство Финансии Даноци, со теми од областа на даноците, сметководството, финансиите и правната проблематика, обработени од практичен и теоретски аспект, со цел на читатителите  да им  овозможи полесно постапување во одредени ситуации кои се јавуваат во нивното работење (списанието во услови на пандемија ке Ви биде достапно во електронска форма и ќе го добивате по е-маил а по престанување на пандемијата и во печатена форма);
телефонски консултации секој работен ден од 08-15 часот, а за време на изготвување на годишните сметки и финансиските извештаи до 20 часот;
непосредни консултации во просториите на СФИД;
бесплатен програм за изработка на годишната сметка-финансиските извештаи 
( Извештај за финансиската состојба – биланс на состојба, Извештај за добивката и загубата – Биланс на успех, Извештај за сеопфатната добивка и белешки кон финансиските извештаи);
прирачник за изготвување на годишна сметка за 2022 година во електронска форма;
неограничен пристап на Веб страната www.sfid.мк (бази на податоци и показатели за месечни податоци за износи на надоместоци, уплатни сметки, шифри за плаќање, курсни листи, затезни камати,странски дневници,цени на горива,како и користење на апликативните програми за пресметка на персонален данок за сите видови приходи).
одговори по е-маил на Ваши поставени прашања, како и доставување на останати потребни информации преку директна електронска комуникација;
✎  12 он лине работните средби
попуст за услугите кои не се опфатени со оваа понуда (застапување во управни спорови, изработка на инвестициони програми, финансиска анализа, устројување на даночна евиденција, имплементација на МСС во друштвата).
  Цена 8.820,00 денари со вклучен ДДВ;
           
ЗАБЕЛЕШКА: Понудата важи до 31 декември 2022 година, до кога треба да биде подмирена обврската за плаќање на претплатата. Од 01.01.2023 година цената ќе изнесува 11.550,00 денари
 
Скопје, Ноември 2022 год.                                                                          

Со почит,
                                                                                                                       
Друштво за даночен и сметководствен консалтинг
СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИСФИД доо Скопје
 
ПОТВРДА ЗА ПРЕТПЛАТА ЗА 2023 ГОДИНА
Со оваа потврда се обврзуваме за претплата која за 2023 год. вклучува (претплата на списанието +    телефонски и непосредни консултации + пристап на ВЕБ страни +  е-маил комуникација + програм за изработка на финансиските извештаи). Уплатата од 8.820 денари со вклучен ДДВ, ќе ја извршиме најдоцна до 31 декември 2022 година на с-ката на СФИД доо Скопје,300000000125554 -Комерцијална банка.
Порачката ја извршил:
____________________________________________         ________________________________________
   назив на правното лице (поединец)                                             улица, број, поштенски фах и место
_______________________________________               __________________________________________
                      Е – маил                                                                     име и презиме на нарачателот
                      _____                                     _______________                              _____________
                       печат                                          потпис                                             телефон
Напомена:
Пополнетиот купон испратете го на адреса: “СФИД” доо Скопје, “Чедомир Миндеровиќ”  29, п.ф. 855, 1000 Скопје или на една од нашите е-маил адреси: www.sfid.mk E-mail: sfidkontakt@gmail.com или по извршената уплата контактирајте со нас на телефонските броеви 02/3237-066 и 3216-247.
                           
 
                                                                                                                      Ви благодариме за Вашиот избор