Почитувани,
Во услови на економска и здравствена криза предизвикана од covid 19, сите се соочуваат со предизвици во своето работење, кое уште повеќе се усложнува со ограничувањата кои стануваат секојдневие и реалност.
Од овие причини пред нас е уште една година полна со неизвесност но и професионални предизвици кои новата реалност ги наметнува. Од овие причини сметководствената професија има уште поголема потреба од навремени и точни информации за измените во законската и професионалната регулатива но и континуирана професионална едукација, како најдобар начин на постојано стручно усовршување, а се со цел за надградба на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствената професија. Убедени сме дека за успешно справување со овие предизвици стручната едукација на Вашите вработени е најдобриот начин но и основа за успех во новите услови на работење.
Нашето 24-годишно искуство во едукација од областа на сметководството и даноците преку издавање на стручно списание, одржување на семинари и континуирано професионално усовршување како и даночен и сметководствен консалтинг, Вашата долгогодишна подршка и определбата да допринесеме во намалувањето на Вашите трошоци за стручна едукација, во подигнувањето на степенот на знаење а придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.
Во услови кога нема КПУ, ќе се организираат on line советувања (webinar), а кога ќе се создадат услови и советувања за професионално усовршување со непосредно присуство, на теми кои ќе бидат прилагодени на актуелните состојби и потребите кои се наметнуваат пред Вас. Исто така ќе бидат организирани и on line работните средби на кои во вакви услови ќе биде одговарано на Ваши прашања и ќе бидат обработувани тековни актуелни теми.
Со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, Ви ја презентираме следната:
Понуда за претплата за 2022 година за 8.610,00 ден. со ДДВ
✎ 12 броја месечно списание “Сметководство Финансии Даноци”, со теми од областа на даноците, сметководството, финансиите и правната проблематика, обработени од практичен и теоретски аспект, со цел на читатителите да им овозможи полесно постапување во одредени ситуации кои се јавуваат во нивното работење (списанието во услови на пандемија ке Ви биде достапно во електронска форма и ќе го добивате по е-маил а по престанување на пандемијата и во печатена форма);
✎ телефонски консултации секој работен ден од 08-15 часот, а за време на изготвување на годишните сметки и финансиските извештаи до 20 часот;
✎ непосредни консултации во просториите на СФИД;
✎ бесплатен програм за изработка на годишната сметка-финансиските извештаи ( Извештај за финансиската состојба – биланс на состојба, Извештај за добивката и загубата – Биланс на успех, Извештај за сеопфатната добивка и белешки кон финансиските извештаи);
✎ прирачник за изготвување на годишна сметка за 2021 година во електронска форма;
✎ неограничен пристап на Веб страната www.sfid.мк (бази на податоци и показатели за месечни податоци за износи на надоместоци, уплатни сметки, шифри за плаќање, курсни листи, затезни камати,странски дневници,цени на горива,како и користење на апликативните програми за пресметка на персонален данок за сите видови приходи).
✎ одговори по е-маил на Ваши поставени прашања, како и доставување на останати потребни информации преку директна електронска комуникација;
✎ попуст за услугите кои не се опфатени со оваа понуда (застапување во управни спорови, изработка на инвестициони програми, финансиска анализа, устројување на даночна евиденција, имплементација на МСС во друштвата).
☝ Цена 8.610,00 денари со вклучен ДДВ;