Понуда за претплата за 2025 година

Почитувани,

Сметководството, како информациски систем, обезбедува поддршка од квалитативна и квантитативна природа за деловното одлучување.
Финансиското сметководство се верификува и најмногу доаѓа до израз при изготвувањето и презентирањето на финансиските извештаи, што претставуваат финален производ од сметководствениот информациски систем.
И
Даноците се јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата кон граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход, промет или имот за задоволување на државните потреби.

Од 01.01.2025 година влегува во сила новиот Правилник за начинот на водење сметководство што значи дека сметководствената професија ќе се соочи со предизвик во краток временски период да ги примени МСС и МСФИ и да ги согледа ефектите од примената. Најдобриот начин за успешно справување со овие предизвици е  стручната едукација на Вашите вработени како преку стручна литература така и преку советувања (обуки).
            Најавените измени во даночниот систем но и во контниот план и билансните шеми уште повеќе ја зголемуваат потребата од професионално усовршување, навремено информирање и прилагодување на промените во сметководствената и даночната сфера.
Долгогодишното искуство во едукација од областа на сметководството и даноците преку издавање на стручно списание, одржување на семинари и континуирано професионално усовршување како и даночен и сметководствен консалтинг, Вашата подршка и нашата определба да допринесеме во намалувањето на трошоците за стручна едукација, во подигнувањето на степенот на знаење а придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.
Со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, а најмногу од се да ја покажеме нашата определба да ја споделуваме судбината со Вас одлучивме и во услови на постојан раст на цените да дадеме понуди прилагодени на потребите и можностите на друштвата за сметководствени работи и другите компании.

 
Понуда за претплата за 2025 година за 9.975,00 ден. со ДДВ
 
ЗАБЕЛЕШКА: Понудата важи до 31 декември 2024 година, до кога треба да биде подмирена обврската за плаќање на претплатата. Од 01.01.2025 година цената ќе изнесува 12.600,00 денари
 

Понуда за претплата и КПУ за 2025 година со вклучен семинар/вебинар
за годишна сметка (16 часа) за 12.335,00 ден. со ДДВ
 
ЗАБЕЛЕШКА: Понудата важи до 31 декември 2024 година, до кога треба да биде подмирена обврската за плаќање на претплатата. Од 01.01.2025 година цената ќе изнесува 17.320,00 денари

 


Скопје, Ноември 2024 год.

Со почит,
Друштво за даночен и сметководствен консалтинг
СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИ “СФИД” доо Скопје