Во напатствието се вели дека секој сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.
Секој овластен сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.
Содржината на континуираното професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители е одредена со Меѓународните стандарди за образование и се однесува на следните области:
Во надоместот за континуирано професионално усовршување покрај предавањето се вклучени и работни материјали со хартиена презентација на темите доколку има такви. Програмите на едукација на континуираното професионално усовршување треба да имаат организациска поставеност во согласност со бројот на посетителите и предвидените едукативни теми, односно да обезбедат потребен комодитет на учесниците, потребно озвучување, надгледни средства, интерактивност и сл.
Правните лица се должни да достават информација за датумите и останати податоци како најава за КПУ, како Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија на својата веб страна би можел да ги најави сите предвидени обуки за континуирано професионално усовршување според доставените податоци.