social image
Кои сме ние

“СФИД” е најголемо консалтинг друштво во РМ, кое е формирано во 1997 година, со седиште во Скопје и подружница во Битола, чија дејност е даночен и сметководствен консалтинг
Што работиме
 
СФИД како консалтинг друштво од самиот почеток издава месечно списание „Сметководство Финансии Даноци“. Во него се обработуваат теми од повеќе области.
Што нудиме

СФИД ДОО е акредитирано друштво за континуирано професионално усовршување (КПУ) согласно Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РМ” бр. 95/12...190/16).
Типови на претплата кои може да се понудат: само за билтен; за билтен и дополнително користење на СФИД услуги; консалтинг услуги; и застапување во даночни спорови.

Консултации

Покрај списанието на претплатниците на списанието им се овозможени телефонски консултации. Корисниците на услугите на СФИД можат да ги извршат консултациите и во просториите на СФИД.
 
Откако претходно ќе се договорат, консултантите на СФИД ги посетуваат клиентите и во нивните простории, а доколку има потреба и со практична работа ги решаваат проблемите.
 
За сите информации контактирајте не секој работен ден од 08 – 16 часот на телефоните:

Консалтинг

Во напатствието се вели дека секој сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година. Секој овластен сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година. Содржината на континуираното професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители е одредена со Меѓународните стандарди за образование. Прочитај повеќе...
Во услови на пандемија и мерки за справување со covid 19, сите се соочуваат со предизвици во своето работење, кое уште повеќе се усложнува во услови на ограничувања кои се составен дел на мерките кои ги носат властите.

Како резултат на нашето 23-годишно искуство во професионалната сметководствена едукација, Вашата долгогодишна подршка и желбата да допринесеме во намалувањето на Вашите трошоци за стручна едукација на вработените, во подигнувањето на степенот на знаење придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.

Во услови кога нема КПУ ќе бидат организирани он лине советувања (webinar) се додека не се создадат услови за поинаков вид на деловно советување и професионално усовршување кои ќе бидат прилагодени на актуелните состојби и потребите кои се наметнуваат пред Вас.

Билтен СФИД

Со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, Ви ја презентираме следната: