Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Don't have a credit card yet?

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt.

ДВОДНЕВНО КПУ бр.1/2017-16 часа


 
СФИД доо Скопје акредитирано

ПЛАТИ, НАДОМЕСТОЦИ, ПОКАЗАТЕЛИ

Во делот ПОКАЗАТЕЛИ, видете ги податоците

Сметководител- овластен сметководител

Со Измените и дополнувањата на Законот

 ДДВ ПРИ СТАТУСНИ ПРОМЕНИ (присоединување, поделба)
Previous Next Play Pause

Почитувани претплатници,

Денес на 20.01.2017 година ИСОС го издаде следното соопштение:

Институтот на сметководители и овластени сметководителина Република Македонија од понеделник 23 јанауари 2017 ќе отпочне со доделување на уверенијата за овластен сметководител, по првиот јавен повик.  Доделувањето ќе биде во периодот од 23 до 27 јануари во хотел „Континентал“ во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

Уверенијата ќе се доделуваат во траење од пет работни дена, според листите од неофицијалниот регистар на овластени сметководители кои денес се објавени на веб-страната на ИСОС www.smetkovoditel.mk.

Првиот ден 23.01.2017 ќе се доделуваат уверенијата со број 0100011 до 0101300,

Вториот ден 24.01.2017 ќе се доделуваат уверенијата со број 0101301 до 0102500;

Третиот ден 25.01.2017 ќе се доделуваат уверенијата со број 0102501 до 0103700;

Четвртиот ден 26.01.2017 ќе се доделуваат уверенијата со број 0103701 до 0104900 и

Петтиот ден 27.01.2017 ќе се доделуваат уверенијата со 0104901 до 0106146.

Уверенијата можат да се подигнат лично или со заверено овластување.

Ве замолуваме со цел обезбедување ефикасно одвивање на процесот на доделување на уверенија, да го забележите Вашиот број на уверение или архивскиот број, што може да го утврдите во листите од неофицијалниот регистар на овластени сметководители кои се објавени на веб страната на Институтот.

НАША ЗАБЕЛЕШКА:За полесно да го најдете Вашето име и презиме во списоците може да ја користите функцијата Ctrl F и во долниот десен агол да го внесете Вашето име со кирилична подршка.Откако ќе се обои првото име на списокот како Вашето име,со притиснување на типката Enter ќе ве однесе на наредното име како Вашето и се така додека не се пронајдете во списокот.

Овластените сметководители кои нема да бидат во можност да ги подигнат уверенијата во овие денови, тоа ќе може истото да го сторат во просториите на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ на ул. Ѓуро Стругар број 5 – зграда Технометал во од 30 јануари 2016 па натаму во работни денови од 09:00 до 16:00 часот.

Со почит,

СФИД