Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Don't have a credit card yet?

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt.

health

  • СФИД доо Скопје акредитирано правно лице од ИСОС и ИЦЦ НК за РМ спроведува ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.2/2017-8 часа

        

    СФИД доо Скопје акредитирано правно лице од ИСОС и ИЦЦ НК за РМ

    спроведува

    ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.2/2017-8 часа

    за

    овластени сметководители и сметководители според Годишната програма за КПУ на ИСОС

    НЕГОТИНО во х. ПАМЕЛА....................................................................................на 5 Декември 2017 година.

    БИТОЛА во х. ПРЕМИЕР (до болницата)............................................................на 6 Декември 2017 година.

    ОХРИД во х. БЕЛВЕДЕРЕ....................................................................................... на 7 Декември 2017 година.

    ШТИП во Мултимедијален Центар КАНАЛ 77.................................................на 12 Декември 2017 година.

    СКОПЈЕ во х. КОНТИНЕНТАЛ...........................................................................на 15 Декември 2017 година.

    време Теми за КПУ бр.2/2017 предавач КПУ часови
    09:00-10:00 Регистрација на учесниците
    10:00-12:00

    МСФИ и ажурирање на МСФИ:

    Приходи (оддел 23) и МСС 11;

    Наеми (оддел 20) и МСС 17;

    Резервирања и неизвесни обврски (оддел 21) и МСС 37;

    Трошоци за позајмување (оддел 25) и МСС 23;

    Славчо Николовски

    Златко Митревски

    3
    12:00-12:30 Кафе пауза
    12:30-13:50

    Даноци:

    Даночен третман на трошоците од работењето во 2017 год. од аспект на данок на добивка, персонален данок и ДДВ

    Славчо Николовски

    2

    13:50-14:00 Пауза
    14:00-15:20

    Законска регулатива и измени:

    Измени во Законот за персонален данок на доход

    Измени во Законот за вршење на сметководствени работи

    Златко Митревски 2
    15:20-16:00

    Актуелни теми-др.професионални и регулаторни тела:

    Агенција за млади и спорт – (даночни ослободувања во 2017 година за дадени донации во спортот)

    Златко Митревски 1

    Ве молиме пополнетата пријава за учество доставете ја електронски на нашиотe-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.илиОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,најдоцна три (3) работни денапред одржување на обуката за КПУ во градот каде ќе присуствувате.

    Надоместокот за еднодневно КПУ бр.2/2017 обезбедува (присуство, работен материјал со прирачник-100 страници и кафе пауза) за еден учесник и изнесува2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%), а се уплаќа најдоцна два (2)дена пред почетокот на обуката заКПУ заради ограниченоста на бројот на учесниците по градови.

    Назив на примачот : СФИД доо Скопје

    Жиро сметка на примачот: 300000000125554 – Комерцијална банка АД Скопје

    Цел на дознака: Уплата за КПУ-2/2017 за (број) лице/а во (град/ови)

    Повикување на број: (броеви од издадените уверенија од ИСОС за секој учесник)

    За дополнителни информации во врска со обуката обратете се во СФИД  доо Скопје на тел. 02/3237-066, 3216-247 или 070/221-037.

    ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШИОТ ИЗБОР

  • Новости

    Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде.

     

    • Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде.
    • Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде
    • Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде
  • Сметководител- овластен сметководител

    Со Измените и дополнувањата на Законот за вршење на сметководствените работи од 124-тата седница на Собранието на РМ, се УКИНУВА СТРУЧНИОТ ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО СТАТУС НА СМЕТКОВОДИТЕЛ,ОДНОСНО ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ.

    Со најновите измени во Законот,сите лица кои веќе имаат стекнато Уверение од Министерството за финансии,се стекнуваат со статус на сметководител, односно овластен сметководител.

    За да ги задржат новите уверенија издадени од Институтот и да останат запишани во регистарот на сметководители и овластени сметководители, лицата треба во наредниот период да остварат обука за континуирано професионално усовршување од 90 часа за сметководители,односно 120 часа за овластени сметководители (согласно член 19 од Законот) и по завршувањето на обуката да го положат испитот на проверка на знаењето, кој всушност е писмен тест со испитни прашања и примери подготвени врз основа на градивото од обуката (со минимум 70%).

    За оние лица кои немаат стекнато уверение од Министерството за финансии, за да се стекнат со статус сметководител или овластен сметководител, за стекнување уверение треба да ги задоволат следните критериуми:

    •   За сметководител завршено средно економско образование и три години искуство или завршено тригодишно високо образование (економија или бизнис) и двегодишно искуство или завршено четиригодишно високо образование (економија или бизнис) и едногодишно работно искуство од областа на сметководството.

    • За овластен сметководител треба уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за најмалку три години работно искуство од областа на сметководството.
  • СФИД ДОО е акредитирано друштво за КПУ

    ИСОС преку ICC Macedonia, донесе напатствие за спроведување на КПУ.

    СФИД ДОО како акредитирано друштво за спроведување КПУ, благовремено ќе Ве извести за темите и термините за спроведување на обуките.
     

    Во напатствието се вели дека секој сметководител е должен од  правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.

    Секој овластен сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.

    Содржината на континуираното професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители е одредена со Меѓународните стандарди за образование и се однесува на следните области:

    1. Сметководство,финансии и со нив поврзани знаења;
    2. Организациски и деловни знаења;
    3. 3наење и компетентност во областа на информатичката технологија;

     На сметководителите и овластените сметководители им се овозможува да присуствуваат на еднодневни програми на едукација во траење на 8 одржани часови (1 одржан час = 40 минути) организирани од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување кои се бодуваат со 8 бодови/часови.

    Доколку правно лице кое врши континуирано професионално усовршување не ги исполни во целост часовите од еднодневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови и надоместот за континуирано професионално усовршување ќе изнесува согласно Тарифникот за висината на надоместоци кој е предвиден за 4 бодови/часови.

    Доколку сметководителот или овластениот сметководител без оправдани причини предвреме ги напушти часовите од еднодневната програма за едукација ќе се признаат само бодови/часови за времето што го поминал на едукацијата.

    На сметководителите и овластените сметководители им се овозможува да присуствуваат на повеќедневни програми на едукација во траење на 16 одржани часови (1 одржан час = 40 минути) организирани од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување кои се бодуваат со 16 бодови/часови.

    Доколку правно лице кое врши континуирано професионално усовршување не ги исполни во целост часовите од повеќедневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови.

    Доколку сметководителот или овластениот сметководител без оправдани причини предвреме ги напушти часовите од повеќедневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови.

    Обезбедените бодови/часови за иста тематска опфатеност кај еден или повеќе правни лица кои вршат континуирано професионално усовршување се признаваат еднократно во текот на една календарска година.

    Трошоците за континуирано професионално усовршување се пропишани и се однесуваат за 4 часа (1 час = 40 минути) и истите ги сносат учесниците – овластените сметководители и сметководители и се уплаќаат на сметките на овластените правни лица кои вршат континуирано професионално усовршување. Во надоместот за континуирано професионално усовршување покрај предавањето се вклучени и работни материјали со хартиена презентација на темите доколку има такви.

    Програмите на едукација на континуираното професионално усовршување треба да имаат организациска поставеност во согласност со бројот на посетителите и предвидените  едукативни теми, односно да обезбедат потребен комодитет на учесниците, потребно озвучување, надгледни средства, интерактивност и сл.

    Правните лица се должни да достават информација за датумите и останати податоци како најава за КПУ, како Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија на својата веб страна би можел да ги најави сите предвидени обуки за континуирано професионално усовршување според доставените податоци.