Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Don't have a credit card yet?

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt.

financial report

  • БАРАЊЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА СУБВЕНЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ, МАЈ И ЈУНИ 2020 ГОДИНА „ОБРАЗЕЦ ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ ОБЈАВЕН НА Е-ДАНОЦИ

    БАРАЊЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА СУБВЕНЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ, МАЈ И ЈУНИ 2020 ГОДИНА „ОБРАЗЕЦ ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ ОБЈАВЕН НА Е-ДАНОЦИ

     

    Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, број 92/2020 и 116/2020), должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

    За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година. За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, поднесете Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.

  • Известување од УЈП за поднесување на Барања кои произлегуваат од Законот за финансиска подршка-КОВИД 19

    ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ И БАРАЊЕ ЗА ПРЕТВОРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ВО ГРАНТ

    1. Работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април, мај, јуни 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’ број 111/20...154/20) и/или согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот covid – 19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’ број 267 /20), имаат обврска примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.
    Највисокиот (кумулативен износ) за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи во Даночниот биланс - за обврзниците на данок на добивка.
    За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, највисокиот (кумулативен износ) за враќање е најмногу до износот од 50% од финансиски резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020 година.

    За враќање на износот на примената финансиска поддршка за исплата на плати, работодавачите треба да поднесат, барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати и тоа:

    • „образецДД-ГДВП/БВФП-1“, за месеците април, мај и јуни 2020 година
    • „образецДД-ГДВП/БВФП-2” за месеците октомври, ноември и декември 2020 година

    2. Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вондредна состојба („Службен весник на РСМ“, број 92/2020 и 116/2020), должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

    За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година. За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, работодавачите треба да поднесат Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образецДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ (образецот е објавен на веб страната на УЈПhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/240 а наскоро ќе биде објавен и на системот е-Даноци)

    Напомена: Барања од точките 1 и 2 имаат обврска да поднесат сите работодавачи- корисници на финансиска помош за плати и корисници на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување , без разлика на финансискиот резултат (добивка/загуба) за 2020 година.
    Работодавачите- даночни обврзници кои се оданочуваат во режимот на данок на добивка (ДБ ) обрасците ги пополнуваат во делот А, додека работодавачите- даночни обврзници кои се оданочуваат во режимот на вкупен приход, обрасците ги пополнуваат во делот Б. Тие што имаат негативен финансиски резултат (загуба) за 2020 година, а се во режимот на вкупен приход на полето 1 под Б, го внесуваат износот од поле 251 од Билансот на успех за 2020 година со негативен предзнак (-).

    За работодавачите- даночни обврзници кои имаат негативен финансиски резултат (загуба) за 2020 година, проверка на условот за неплатени даноци и придонеси ќе се прави по службена должност согласно податоците од последно објавената листа на должници. Доколку во меѓувреме се намирени даночните долгови и обврзникот нема неплатени долгови по основ на даноци и придонеси за истото треба да приложи Уверение за платени даноци и придонеси до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира.

    Работодавачите (кои водат непрофитно сметководство) и кои имаат обврска да доставуваат Годишна сметка до Централниот Регистар на РСМ, а се корисници на финансиска помош за плати и корисници на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување исто така имаат обврска да ги поднесат „образецДД-ГДВП/БВФП-1“, „образецДД-ГДВП/БВФП-2” и или образецДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“, со тоа што истите ги пополнуваат во делот Б.

    3. Работодавачите - корисници на финансиска поддршка зa исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година кои ги исполниле условите дефинирани во Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од корновирусот COVID-19 заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, треба да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образецБ-ПФПГ“.

    Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите (оргинал или заверени копии) се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот.
    Работодавачите - правни лица посочените обрасци ги поднесуваат преку системот
    е-Даноци
    Барањата се доставуваат најдоцна до рокот за поднесување на Даночниот биланс за 2020 година.

  • КПУ-1/2020 со 16 часа

    СФИД доо Скопје акредитирано правно лице од ИСОС и ИЦЦ НК за РМ

    спроведува

    ДВОДНЕВНО КПУ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА бр.1/2020-16 часа

    за

    овластени сметководители и сметководители според Годишната програма за КПУ на ИСОС

     

    СКОПЈЕ во х. КОНТИНЕНТАЛ.............................................................на 16 и 17 Јануари 2020 година.

    БИТОЛА во х. ПРЕМИЕР (до болницата)............................................на21 и 22 Јануари 2020 година.

    ОХРИД во х. БЕЛВЕДЕРЕ...................................................................... на 28 и 29 Јануари 2020 година.
    НЕГОТИНО во х. ПАМЕЛА....................................................................на 30 и 31 Јануари 2020 година.

    Со почеток во 10 часот.

    Предавачи: Славчо Николовски и Златко Митревски.

    Регистрација на учесниците од 9 до 10 часот.

    Рб Теми на предавањето

    КПУ часови

    КПУ за Годишна сметка и финансиски извештаи за 2019 година 16

    1

    2

    3

    4

    5

    Годишна сметка и финансиски извештаи – МСФИ:

    -      МСС 1 Презентирање на финансиски извештаи и оддели 3,4,5,6 и 8 од МСФИ за МСЕ

    -      МСС 27 Консолидирани и посебни финансиски извештаи и оддел 9 од МСФИ за МСЕ

    -      МСС 12 Даноци на добивка и оддел 29 од МСФИ за МСЕ

    -      МСС 10 Настани по периодот на известување и оддел 32 од МСФИ за МСЕ

    -      МСС 24 Обелоденување за поврзани страни и оддел 33 од МСФИ за МСЕ

    Годишна сметка и финансиски извештаи за 2019 година – Измени во законските прописи кај даноците (Сл.весник бр.271, 275 и 277/2019):

    -      Данок на добивка

    -      Данок на личен доход

    -      ДДВ

    Годишна сметка и финансиски извештаи за 2019 год. – Законска регулатива:

    -      Годишна сметка за непрофитни организации (Образец ДБ-НП/ВП) и

    -      Самостојни вршители на дејност (Образец Б и ДЛД-ДБ)

    Годишна сметка и финансиски извештаи за 2019 год. – Актуелни теми - др. професионални и регулаторни тела:

    -      Централен регистар на РМ (поднесување годишна сметка)

    Годишна сметка и финансиски извештаи за 2019 година – Информатичка технологија:

    -      Електронско поднесување на извештаи и обрасци до институции (ЦРМ и УЈП)

    6

    6

    2

    1

    1

    Ве молиме пополнетата пријава за учество воexcelформат доставете ја електронски на нашиотe-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.илиОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,најдоцна два (2) денапред одржување на обуката за КПУ во градот каде ќе присуствувате.

    Надоместокот за дводневно КПУ бр.1/2020 обезбедува (присуство, работен материјал со прирачник и кафе пауза) за еден учесник и изнесува 4.720 денари (со вклучен ДДВ од 18%), а се уплаќа најдоцна еден (1)ден пред почетокот на обуката заКПУ заради ограниченоста на бројот на учесниците по градови.

    Назив на примачот : СФИД доо Скопје

    Жиро сметка на примачот: 300000000125554 – Комерцијална банка АД Скопје

    Цел на дознака: Уплата за КПУ-1/2020 за (број) лице/а во (град/ови)

    Повикување на број: (броеви од издадените уверенија од ИСОС за секој учесник)

    За дополнителни информации во врска со обуката обратете се во СФИД доо Скопје на тел. 02/3237-066, 3216-247 или 070/221-037.

    ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШИОТ ИЗБОР.

  • Новости

    Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде.

     

    • Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде.
    • Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде
    • Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овдеВашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде