Даночното ослободување во 2021година е 8.438 денари месечно, односно на годишно ниво за 2021 година е 101.256,00 денари.
Просечна исплатена месечна бруто плата по работник во РМ според податоците на Државниот завод за статистика објавени 21.01.2021 година изнесува 41.141 денари, и тоа е износот кој се става во МПИН образецот во полето“месечна просечна плата”.
Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос е износот од шеснаесет просечни плати (16x 41.141= 658.256ден)
Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице е износот од дванаесет просечни плати (12 x 41.141=493.692 ден).
Минимална основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос е износот: (41.141x 50% = 20.571 денари).
ВАЖНО: Управата за јавни приходи издаде нова верзија на МПИН клиентски софтвер кој се наоѓа на следниов линк:
http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81
Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2021 се следните
Вид на придонес | Стапка 2021-2020 |
Стапка 2019 |
Стапка 2018-2010 |
Стапка 2009 |
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување | 18,8% | 18,4% | 18% | 19% |
Задолжително здравствено осигурување | 7,5% | 7,4% | 7,3% | 7,5% |
Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување |
0,5% | 0,5% | 0,5% | 0,5% |
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност | 1,2% | 1,2% | 1,2% | 1,4% |
Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење |
Стапка 2021-2020 |
Стапка 2019 |
Стапка 2018-2011 |
Стапка 2010 |
Стапка 2009 |
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци | 9,4% | 9,20% | 9% | 9% | 9,50% |
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци | 7,83% | 7,67% | 7,5% | 7,5% | 7,92% |
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци | 6,27% | 6,13% | 6% | 6% | 6,33% |
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци | 4,7% | 4,60% | 4,5% | 4,5% | 4,75% |
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци | 3,13% | 3,07% | 3% | 3% | 3,17% |
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци | 1,57% | 1,53% | 1,5% | 1,77% | 1,77% |