Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Don't have a credit card yet?

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt.

 

Во Службен весник на РСМ бр.92/2020 објавена е Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба.

Согласно Уредбата ќе се субвенцираат придонеси за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Кој не може да користи субвенции?

► орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институции кои вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје;

приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај обврзник наведен во претходната алинеја;

не може да се користи за лицe- работник со дополнително работење со неполно работно време кај друг работодавач, согласно членот 121 од Законот за работните односи.

Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување не може да се користи истовремено за вработен за кој работодавачот користи субвенционирање согласно Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/19).

► Доколку работодавачот користи финансиска поддршка заради исплата на нето плата во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник за месеците април и мај 2020 година согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година ( се уште не е објавена во Службен весник).

Услови кои треба да бидат исполнети за да се користи субвенционирање на придонеси:

намалувањето на вкупните приходи (приходи по сите основи) во месец април 2020 година, во месец мај 2020 или во месец јуни 2020 година, да изнесува повеќе од 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година

работодавач кој е запишан во соодветен регистар (основан) по месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година, месец мај 2020 и месец јуни 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година

работодавачот кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од четири месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%;

бројот на вработени кај работодавачот кој побарува финансиска поддршка, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, да не е намален за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, освен во случај на пензионирање или смрт и

да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година.

Правото на субвенција се остварува преку поднесување Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување до Управата за јавни приходи преку системот Е-даноци, а комплетното барање, го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на неговото доставување.

Пропишана обврска за враќање на примените субвенции доколку:

доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите од членот 4 став (2) и членот 5 од оваа уредба со законска сила, врз основа на решение за утврдена неправилност.

√ Враќање најмногу до 50% од примените субвенции од:

-       остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните приходи од Даночниот биланс;

-       остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година за обврзниците кои се во режимот на годишен данок на вкупен приход;

-       износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во образецот Б, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

Враќањето се врши на три еднакви рати без камата во април, мај и јуни 2021 година или по по службена должност.

За користење на субвенции на придонеси согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба потребно е да се утврди просечниот месечен приход во 2019 година односно за обврзници кои се запишани во соодветен регистар (основан) по месец март 2019 година за бројот на месеци во 2019 година плус јануари и февруари 2020 година.

Пример за утврдување на намалување на приходот за кој ќе се користи субвенција на придонеси.

За обврзници кои работеле од 01.01 – 31.12. 2019

вкупен приход во 2019 година број на месеци на работа просечен месечен приход намален приход од 30%
8.000.000,00 12 666.666,67 466.666,67

За обврзници кои се запишани во соодветен регистар (основан) по месец март 2019 година

вкупен приход во 2019 год Бр. на месеци на работа + јануари и фефруари 2020 просечен месечен приход намален приход од 30%
4.000.000,00 8 500.000,00 350.000,00

Пример 1

ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

Бруто   35.000,00
Основица за придонеси     35.000,00
ФПИОМ 18,00%   6.300,00
Здравствено осигурување 7,30%   2.555,00
Дополнително здравство 0,50%   175,00
Вработување 1,20%   420,00
Придонеси вкупно 27,00%   9.450,00
Бруто - придонеси     25.550,00
Основица за персонален данок   17.322,00
Персонален данок 10,00%   1.732,00
 
Нето   23.818,00

► Обврзникот во Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец), што ја поднесува до Управата за јавни приходи, за осигуреникот за коj бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 620.

► Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирање, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите.

Во примерот субвенционираните придонеси би изнесувале 4.725,00 денари.

Пример 1

Бруто   14.500,00
Основица за придонеси     19.160,00
ФПИОМ 18,00%   3.449,00
Здравствено осигурување 7,30%   1.399,00
Дополнително здравство 0,50%   95,80
Вработување 1,20%   230,00
Придонеси вкупно 27,00%   5.173,80
Бруто - придонеси     9.326,20
Основица за персонален данок   1.098,00
Персонален данок 10,00%   110,00
 
Нето   9.216,20

► Обврзникот во Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец), што ја поднесува до Управата за јавни приходи, за осигуреникот за коj бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 620.

► Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирање, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите.

Во примерот субвенционираните придонеси би изнесувале 2.586,50 денари.

.