Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Don't have a credit card yet?

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt.

ИСОС преку ICC Macedonia, донесе напатствие за спроведување на КПУ.

СФИД ДОО како акредитирано друштво за спроведување КПУ, благовремено ќе Ве извести за темите и термините за спроведување на обуките.
 

Во напатствието се вели дека секој сметководител е должен од  правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.

Секој овластен сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.

Содржината на континуираното професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители е одредена со Меѓународните стандарди за образование и се однесува на следните области:

  1. Сметководство,финансии и со нив поврзани знаења;
  2. Организациски и деловни знаења;
  3. 3наење и компетентност во областа на информатичката технологија;

 На сметководителите и овластените сметководители им се овозможува да присуствуваат на еднодневни програми на едукација во траење на 8 одржани часови (1 одржан час = 40 минути) организирани од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување кои се бодуваат со 8 бодови/часови.

Доколку правно лице кое врши континуирано професионално усовршување не ги исполни во целост часовите од еднодневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови и надоместот за континуирано професионално усовршување ќе изнесува согласно Тарифникот за висината на надоместоци кој е предвиден за 4 бодови/часови.

Доколку сметководителот или овластениот сметководител без оправдани причини предвреме ги напушти часовите од еднодневната програма за едукација ќе се признаат само бодови/часови за времето што го поминал на едукацијата.

На сметководителите и овластените сметководители им се овозможува да присуствуваат на повеќедневни програми на едукација во траење на 16 одржани часови (1 одржан час = 40 минути) организирани од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување кои се бодуваат со 16 бодови/часови.

Доколку правно лице кое врши континуирано професионално усовршување не ги исполни во целост часовите од повеќедневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови.

Доколку сметководителот или овластениот сметководител без оправдани причини предвреме ги напушти часовите од повеќедневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови.

Обезбедените бодови/часови за иста тематска опфатеност кај еден или повеќе правни лица кои вршат континуирано професионално усовршување се признаваат еднократно во текот на една календарска година.

Трошоците за континуирано професионално усовршување се пропишани и се однесуваат за 4 часа (1 час = 40 минути) и истите ги сносат учесниците – овластените сметководители и сметководители и се уплаќаат на сметките на овластените правни лица кои вршат континуирано професионално усовршување. Во надоместот за континуирано професионално усовршување покрај предавањето се вклучени и работни материјали со хартиена презентација на темите доколку има такви.

Програмите на едукација на континуираното професионално усовршување треба да имаат организациска поставеност во согласност со бројот на посетителите и предвидените  едукативни теми, односно да обезбедат потребен комодитет на учесниците, потребно озвучување, надгледни средства, интерактивност и сл.

Правните лица се должни да достават информација за датумите и останати податоци како најава за КПУ, како Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија на својата веб страна би можел да ги најави сите предвидени обуки за континуирано професионално усовршување според доставените податоци.     

Телефон +389 (02) 3237 066
Испратете порака
Посетете не Чедомир Миндеровиќ бр. 29